СДСМ и Филипче знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне, обвини пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„Венко Филипче како врвен функционер на СДС знаел за криминалот кој го прави Артан Груби. Кога ВМРО-ДПМНЕ зборуваше дека СДС се измеќари на ДУИ, токму на ова мислеше. СДС го одмолчеа и дозволија криминалот на Груби, за истиот да не се налути и ДУИ да им излезе од коалиција. Жално е да се гледа, како сега повторно мора од себе да се прават недоветни, па смислуваат разни приказни“, рече Петрушевски.
Според владејачката партија, социјалдемократите треба да излезат пред граѓаните и да се извинат за Груби.