Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ЕУ ја изгубила војната во Украина.
Орбан во интервју за М1 рече дека мирот во Украина е на дофат и дека ќе започне нов свет со инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари.
„Русите беа спремни да се согласат со Божиќното примирје што го предложив пред неколку дена, а Украинците се’ уште не, но православниот Божиќ се’ уште не пристигнал“, рече Орбан.
Според него, ситуацијата во Украина е јасна – Русите напредуваат, а ЕУ ја загуби војната.
Орбан оценува дека Европа ќе плати висока цена бидејќи, како што наведе, не ја прифаќа новата реалност што се појави по победата на Трамп на изборите, објави унгарскиот портал „Инфостарт“.
Меѓу 27-те членки на ЕУ, Унгарија и Словачка отворено се залагаат за мировни преговори за Украина.