(Фото) Расте бројот на жртвите во терористичкиот напад во Германија: пет мртви, 205 повредени

Screenshot-2024-12-21-134813.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бројот на загинатите во нападот на божиќниот саем во германскиот град Магдебург се искачи на пет, а 41 лице е тешко повредено, објави весникот „Билд“, повикувајќи се на полицијата.


Според информациите на германскиот весник , вкупно 205 лица се повредени, 86 лица со тешки повреди се згрижени во болниците, додека 78 лица се полесно повредени во нападот.

Напаѓачот од Магдебург на германските власти не им бил познат како исламист

Мажот, чие име се уште не е објавено, кој синоќа удри во толпа луѓе на божиќниот базар во германскиот град Магдебург, по професија е лекар кој на социјалните мрежи се залагал за борба против исламизмот и кој, според првичните информации, се верува дека дејствувал сам.

Според моментално достапните информации, напаѓачот е 50-годишен специјалист по психијатрија и психотерапија, по потекло од Саудиска Арабија, пишува германски „Билд“.

Локалните медиуми нагласуваат дека се уште не е познат мотивот на напаѓачот и дека тој на германските власти не им бил познат како исламист.

Саудијците ги предупредија Германците

Неименуван саудиски извор за Ројтерс изјавил дека Саудиска Арабија ги предупредила германските власти за можниот напаѓач, кој според изворот објавил екстремистички ставови на мрежата Х. Истиот извор го идентификуваше осомничениот како Талеб Абдул Џавад.

Германски „Шпигел“ го идентификуваше Талеб А., за кого вели дека е симпатизер на екстремно десничарската германска партија Алтернатива за Германија. Весникот не го наведува изворот на оваа информација.

Тој дошол во Германија во 2006 година и оттогаш живеел во Бернбург, на околу 50 километри јужно од Магдебург.

Осомничениот, кој има дозвола за постојан престој, добил статус на бегалец во Германија во 2016 година, наведувајќи го стравот за неговата безбедност поради неговите атеистички ставови и критиките на исламот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK