Во Општина Куманово беа поделени пригодни подароци за ученици од ООУ “Браќа Миладиновци” – Куманово, кои учествуваа на промотивното возење со електричен автобус во рамки на кампањата “Куманово, мој зелен дом!”
Учесниците твореа на зададена тема:“еколошки автобус” и нивните селектирани ликовни дела, денеска беа изложени во општинската сала за состаноци, каде им беа поделени информативни флаери низ кратка презентација за заштита и грижа за средината во која живееме.
Настанот го организираа претставнициод Аутомакедонија АД Скопје, во соработка со Сектор за образование и Одделението за заштита на животната средина и природата од Општина Куманово.
The post Новогодишни едукативни пакетчиња за учесниците во кампањата “Куманово, мој зелен дом!” first appeared on Општина Куманово.