Москва соопшти дека денешниот напад врз Киев е одговор на украинскиот напад врз хемиска фабрика во јужна Русија, во кои биле користени ракети од западно производство.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека цел биле објектите на воената индустрија и безбедносните служби, пренесува АФП.
„Како одговор на акциите на режимот во Киев, денеска беше извршен комбиниран напад со прецизно оружје со долг дострел“, соопшти Москва.
Украинските власти тврдат дека едно лице загинало во нападот и дека се оштетени неколку официјални згради, пренесува Ројтерс.
Беше објавено дека Русите користеле осум ракети, вклучувајќи хиперсонични ракети Кинжал и балистички ракети Искандер.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека седум лица се повредени, а четворица се пренесени во болница.