Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците, најавуваат од Студентски отпор

На-31-декември-и-1-јануари-возилата-од-јавниот-превоз.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за образование и наука и ЈСП Скопје нека бидат свесни – студентите нема да молчат додека нивното право на бесплатен јавен превоз се гази поради нечија неспособност и суетност, реагираат од Студентски отпор.


„Укинувањето на бесплатниот превоз е директен напад врз секој студент кој секојдневно се бори со нискиот студентски стандард и високите трошоци. Неуспехот на МОН да го исплати долгот е уште еден доказ дека оваа власт нема капацитет да ги решава вистинските проблеми на младите.

Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците! Нема да дозволиме образованието и пристапот до него да бидат жртва на некадарноста на властите. Борбата почнува сега!“, се наведува во соопштението на Студентски отпор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK