Откако ја нападнаа дека е дебела и напишаа дека повеќе не е доволно привлечна, Сидни Свини објави клипови од нејзините тренинзи, а сега отиде чекор понатаму и им одговори на хејтерите – со топлес фотографии.
View this post on Instagram
Една од најубавите актерки во светот со своите 23 милиони следбеници на Инстаграм сподели фотографии на кои позира на покривот на зграда во Њујорк. 27-годишната актерка позираше во кардиган под кој не носеше ништо, а комбинацијата ја комплетираше со фармерки.
„Дожду, дожду оди си“, напишала Свини, а заедно со фотографиите споделила и видео со кое го запалила интернетот. Нејзината објава за помалку од 24 часа собра повеќе од 3,2 милиони лајкови, како и бројни коментари.
View this post on Instagram
„Ти си убава“, „Најжешката жена на светот“, „Повторно го скрши интернетот“, „Леле“, „Кралицата Сидни против хејтерите“ и „Замолчи ги хејтерите“ се само дел од коментарите, а објавата и се допадна и на Парис Хилтон.