Колку е поблиску до Божиќ, толку повеќе се шпекулира како ќе изгледа во кралското семејство.
Експертот Ричард Иден сега откри дека Том Паркер Боулс, синот на Камила од првиот брак, би можел да биде на божиќниот ручек.
Според Иден, фактот што Чарлс го поканил Том му испраќа јасна порака на Хари. „Да го повикате посинокот на кралот, а не неговиот син е многу е важно“, коментираше Иден за „Дејли мејл“.
За сè претходно зборуваше и Том Паркер Боулс, кој за Телеграф изјави дека неговата мајка сака да го види за Божиќ. Тој истакна дека иако планира да им се придружи на Камила и Чарлс во Сандрингем, се уште не го потврдил неговото доаѓање.
Претходно се пишуваше за божиќните планови на вториот син на Чарлс, принцот Вилијам. Дејли мејл објави дека тој и неговата сопруга Кејт ќе го поминат Божиќ со кралот и кралицата, прво на свечена миса, а потоа на ручек во нивниот дом во Анмер Хол.
View this post on Instagram
Потсетуваме дека кралот Чарлс III и кралицата Камила неодамна ја објавија овогодинешната божиќна честитка. Тие позираа насмеани во градината на Бакингемската палата, а фотографијата наводно е направена во април.
Свои честитки објавија и принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл. Се состоеше од шест фотографии, вклучувајќи и ретка фотографија од нивните деца, синот Арчи и ќерката Лилибет.