Неколку дена пред крајот на мандатот, Бајден патува кај Папата

bajden-papa-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден во јануари ќе отпатува за Рим за да се сретне со папата Франциско и со италијанската премиерка, Џорџа Мелони, објави Белата куќа – патување кое се случува само неколку дена пред крајот на неговиот мандат.


Бајден ќе се сретне и со италијанскиот претседател Серџо Матарела за време на неговата посета на Рим од 9 до 12 јануари, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

„Претседателот Бајден ќе има аудиенција кај Папата и ќе разговара за напорите за унапредување на светскиот мир“, рече таа, додавајќи дека со Мелони ќе разговараат за важните предизвици со кои се соочува светот.

Бајден вчера телефонски разговараше со Папата.

„Претседателот му се заблагодари на Папата за неговата континуирана посветеност за ублажување на глобалното страдање, вклучувајќи ја и неговата работа за унапредување на човековите права и заштита на верските слободи“, се вели во одвоено соопштение од Белата куќа.

Мандатот на Бајден завршува на 20 јануари, кога ќе се одржи инаугурацијата на новоизбраниот претседател, Доналд Трамп.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK