Совет на општина Струмица
Бр.08 – 9534/1
18.12.2024 год.
С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на четириесет и шестата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам четириесет и шестата седница на Советот на општина Струмица за ден 25.12.2024 година (среда).
Четириесет и шестата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00 часот.
За работата на седницата предлагам:
I
Усвојување на записниците од 43-та, 44-та, 45-та седница на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н р е д
Предлог-Програма за работа на Советот на општина Струмица за 2025 година;
Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2025 година;
Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2025 година;
Предлог – Одлука за резервирање средства за експропријација во Буџетот на општина Струмица за 2025 годинa;
Предлог – Програма на општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа во 2025 годинa;
Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2025 година;
Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на Општина Струмица за 2025 година;
Предлог – Програма за поставување на урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2025 година;
Предлог-Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Мaкeдонија на подрачјето на општина Струмица за 2025 година;
Предлог-Програма за заштита од штетно дејство на водите за 2025 година;
Предлог – Програма за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
Предлог – Програма за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2025 година;
Предлог-Програма за одржување на јавната чистота во 2025 година;
Предлог- Програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Струмица за 2025 година;
Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2025 година;
Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2025 година;
Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2025 година;
Предлог-Програма за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2025 година;
Предлог–Програма за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2025 година;
Предлог – Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2025 година;
Предлог – Програма за активностите на Општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2025 година;
Предлог – Програма на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2025 година;
Предлог-Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2025 година во Општина Струмица;
Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2025 година;
Предлог – Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2025 година;
Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош на семејства со прваче на подрачјето на Општина Струмица во учебната 2025/2026 година;
Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош за новороденче на подрачјето на Општина Струмица во 2025 година;
Предлог – Одлука за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патниците на подрачјето на општина Струмица;
Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотацијата за основно образование за 2025 година;
Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотацијата за средно образование за 2025 година;
Предлог – Oдлука за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост„ Струмица за 2025 година;
Предлог – Oдлука за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Виножито„ Струмица за 2025 година;
Предлог – Одлука за доделување парична помош на Павлинка Синадиноска од с.Дабиле;
Предлог – Одлука за субвенционирање на сметките на гас за домаќинствата на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
Предлог – Одлука за субвенционирање на надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем во 2025 година;
Програма за работа на ЈПЕД „Струмица – Гас” Струмица за 2025 година;
Програма и план за хуман третман и благосостојба на бездомни кучиња на ЈПЗБК „Стационар – Лана“ Струмица за 2025 година;
Финансиски план на ЈПЗБК „Стационар -Лана“ Струмица за 2025 година;
Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица за период од 01.01.2024 до 30.09.2024 година;
Програма за работа на ЈП „Паркиралишта – Струмица” Струмица за 2025 година;
Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за период од 01.01.2024 до 30.09.2024 година (со финансиски план);
Програма за работа со финансиски план на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2025 година;
Одлука за набавка на нова комбинирана машина ровокопач – натоварувач по пат на финансиски лизинг;
Извештај за работењето со финансиски извештај на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица за период 01.01.2024 – 30.09.2024 година;
Програма за работа на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица за 2025 година;
Субвенциониран ценовник на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица за 2025 година;
Извештај за 2024 година и Програма за Струмичкиот карневал – 2025 година;
Програма за работа на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица за 2025 година;
Програма за работа на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица за 2025 година;
Одлука за давање согласност за отуѓување на движни ствари (ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица).
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски
The post Решение за свикување на четириесет и шестата седница на Советот на општина Струмица appeared first on Општина Струмица.