Синоќа во 21.30 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од с.Бојане, скопско, пријавила дека на 15.12.2024 околу 20.30 часот на автобуска постојка во с.Сарај, скопско, нејзината малолетна ќерка била физички нападната со остар предмет од нејзиното поранешно момче Б.П. од с.Грчец, скопско.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.