Распишани меѓународните потерници по Груби и Бајрами

megunarodni-poternici-bajrami-grubi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи ги распиша меѓународните потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами.


Претходно Основното јавно обвинителство издаде наредба до МВР да распише потерница, откако Основниот кривичен суд Скопје одлучи да им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Груби и Бајрами се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија и ја напуштија земјата пред да почне истрагата против нив.

Груби самиот напиша на Фејсбук дека не е во бегство и се наоѓа во приватна посета во Косово, а веднаш штом заврши со обврските, ќе се врати кај своето семејство.

Ден потоа кога полицијата вршеше претрес на две негови локации, не го пронајде дома.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски,  го повика поранешниот вицепремиер да се врати во земјата и да им овозможи на институциите соодветно да ја спроведат постапката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK