Трамп: Турција се вклучи во падот на Башар ал Асад преку поддршка од исламистичка група

tramp24.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Турција била вмешана во падот на режимот на поранешниот сириски претседател Башар ал Асад преку нејзината поддршка за Хајат Тахрир ал Шам (ХТС), исламистичката група која го предводеше нападот врз Дамаск претходно овој месец.


Трамп рече дека Турција извршила „непријателско преземање без многу изгубени животи“ во Сирија, што Анкара го негира.

Новоизбраниот американски претседател, исто така, истакна дека Турција ќе игра клучна улога во иднината на Сирија и го пофали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Блумберг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK