Најмалку 34 лица загинаа во циклонот Чидо во Мозамбик

2-18.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 34 лица загинаа во циклонот Чидо во Мозамбик, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA), цитирајќи податоци од националната агенција за вонредни состојби.


„До 17 декември 2024 година, околу 174.158 луѓе се погодени од циклонот, 34 лица загинаа, а 319 се повредени“, се вели во соопштението на OCHA, цитирано од Мозамбичкиот институт за природни катастрофи, пренесе Ројтерс.

Малиот француски остров Мајот го презеде најголемиот дел од циклонот, при што се верува дека илјадници луѓе загинале пред циклонот да продолжи кон Мозамбик, на источниот брег на јужна Африка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK