Фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове изјави дека се чувствува добро и дека поддршката што ја добил од навивачите и соиграчите му помогнала да се опорави откако беше ставен во медицински индуцирана кома.
Бове колабираше на теренот за време на натпревар од италијанската Серија А против Интер на 1 декември.
„Во моменти како овие сфаќам колку е реален овој спорт и како сите сме поврзани, надвор од резултатите, конкуренцијата и ривалството. Поврзан со врска која, откако ќе се создаде, станува речиси нераскинлива“, напиша Боув на својот Инстаграм профил.
Бове излезе од болница во петокот, а доколку треба да му се вгради дефибрилатор, нема да може да продолжи да игра во Италија, бидејќи во таа земја е забрането играње со дефибрилатор.
„Поддршката што ја добив, топлината на навивачите, поддршката од соиграчите и противниците и близината на целиот фудбалски свет ми дадоа неверојатна сила и храброст. Окружен сум со позитивна енергија, која ми помага да останам смирен и да не ја чувствувам осаменоста што често доаѓа во овие ситуации“, додаде тој.
Бове, во случај да мора да му биде вгради дефибрилатор, би можел како Кристијан Ериксен да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. За Фиорентина настапува како позајмен играч од Рома.