Гвидо Бургсталер (35), искусниот напаѓач на Рапид Виена, минатиот викенд бил жртва на физичко насилство во центарот на Виена, објави неговиот клуб на официјалните канали.
Нападот се случил пред бројни сведоци, а фудбалерот се здобил со сериозни повреди на главата. Откриено е и дека Бургсталер толку силно ја удрил главата што се здобил со фрактура на черепот.
Тој бил нападнат од непознат маж, а неговиот клуб потврдил дека е префрлен во болница во Виена каде ќе остане неколку дена. Тие изјавија и дека Бургсталер сигурно нема да може да настапува во следните неколку месеци. Рапид му посака и брзо закрепнување:
Бургсталер кариерата ја започна во Карнтен во Австрија, а играше и за Рапид, Кардиф, Нирнберг, Шалке и Сент Паули. Играше и за австриската репрезентација, за која забележа 26 настапи и постигна два гола. Во 2022 година се врати во Рапид.