(Видео) Лефков: Артан Груби влијаел врз судски процес и затоа земал пари, неговата и борбата на ДУИ за власт е борба за контрола на судството

Миле-Лефков-16.12.2024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, Груби на црната листа е доказ дека борбата на ДУИ е само за моќ врз институциите да работат за нивно богатење.


Артан Груби, како што истакна Лефков, земал мито за да влијае на судски процес.

„Артан Груби влијаел врз судски процес и затоа земал пари, тоа го кажува објаснувањето на Американскиот Стејт департмент за неговото ставањето на црната листа. Груби ја користел позицијата на вицепремиер и висок функционер на ДУИ за да се богати од мито и корупција.

Груби не е сам, таквото делување е систем на работа на ДУИ и СДС.

И двете партии кога се борат за власт всушност се борат за да можат преку криминални активности да ги полнат своите џебови со милиони.

Според Лефков, кога СДС и ДУИ зборуваат за демократија, за Европа, за зелени агенди, всушност само бараат нова маска да го замаскираат криминалното работење.

„И СДС и ДУИ се разоткриени. Одговорност мора да има.

ЈО да почне да работи, поголем доказ дека Артан Груби е криминалец од црната листа на САД нема“, оценува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK