(Видео) Челси го победи Брентфорд, Тотенхем за полувреме го декласира Саутемптон

Untitled-2-26.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Челси и Тотенхем забележаа победи во последните неделни натпревари од 16.коло во Премиер лигата. Челси го победи Брентфорд, а Тотенхем во Саутемптон го декласира домаќинот со 5:0.


Марк Кукуреља го постигна својот прв гол во сезоната во 43. минута со што му донесе предност на Челси.

Челзи беше многу подобар противник, создаваше повеќе шанси, но во средишницата на од вториот дел при резултат можеше да биде казнет.

Најпрво Санчез сопре добар обид на Норгаард, а потоа Карваљо набрзо од непосредна близина ја погоди гредата.

Казната за нереализираните шанси Брентфорд го стигна во 80.минута кога предноста на Челси ја зголеми Николас Џексон.

Брентфорд успеа да се врати во натпреварот, брилијантен контранапад одиграа Каеваљо и Мбеумо кој го намали резултатото во 90.минута. Сепак Брентфорд немаа сили да дојдат до еден бод.

Тимот на Енцо Мареска е во серија од пет победи и моментално го држи второто место со 34 бода, два помалку и натпревар повеќе од лидерот Ливерпул.

Брентфорд моментално е 12. на табелата со 23 бода.

Тотенхем за едно полувреме го декласира фенерџијата Саутемптон. Гостите од Лондон испорачаа пет гола за 45.минута.

Кризата на Саутемптон продолжува, ова е нивни петти пораз во последните шест натпревари, а немаат победа од 2 ноември.

Се започна со голот на Медисон во првата минута, потоа погоди Сон во 12. минута, а две минути подцна и Кулушевски постигна гол.

Сар го зголеми резултатот во 25. минута, а во четвртата минута од продолжението во првото полувреме, Медисон со својот втор гол ги постави конечните 5:0.

Тотенхем е 10-ти на табелата со 23 бодови, додека Саутемптон е закован на дното со само пет бода.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK