Двајца мажи од Чегране фатени со 53 пакувања кокаин и марихуана

zaplena-droga-pari-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од ОВР Гостивар привеле двајца мажи од село Чегране, откако при претрес во угостителски објект биле пронајдени дрога и пари.


Како што информираат од МВР, на 13 декември околу 22:10 часот, по судска наредба бил извршен претрес во угостителски објект во село Чегране, сопственост на 49-годишниот Ш.Ш. и во присуство на 22-годишниот вработен З.И. При претресот, полициските службеници откриле и одзеле 53 пакувања со кокаин и марихуана, како и одредена сума пари.

„Двете лица се приведени и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопштија од полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK