Деспотовски за инвестицијата на „Авеста Батерис“: Ме радува што се’ се одвива според договорoт што го потпишавме лани

despotovski-fabrika-mickoski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Депостовски, им честита на „Авеста Батерис енд Инжинеринг“ (АБЕЕ) за официјалниот почеток на градежните работи во ТИРЗ Кичево.


Деспотовски вели дека особено го радува што реализацијата на проектот се одвива според договорените рокови од Договорот за инвестиција, кој беше потпишан во мај 2023 година.

„Оваа инвестиција, со вкупна вредност од 40 милиони евра, претставува важен чекор за развој на регионот, носејќи над 600 нови работни места за нашите сограѓани. Ваквите проекти имаат директно влијание врз подобрување на животниот стандард на населението и отвораат нови перспективи за локалната економија. Она што е особено позитивно е дека новата Влада го продолжува тоа што го започнавме. Континуитетот во реализацијата на вакви стратешки инвестиции е клучен за просперитетот на нашата земја. Ова покажува дека кога во работата ја ставате Македонија на прво место, придобивките се за сите граѓани“, вели Деспотовски.

Тој посакува успешна и брза реализација на овој проект, со надеж дека ќе биде пример за многу други инвеститори кои веќе ја препознааваат Македонија како стабилна и атрактивна бизнис дестинација.

Претходно денес во присуство на премиерот, Христијан Мицкоски, беше поставен камен-темелникот за изградба на фабриката за електронски батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево. Очекувањата се 600 нови вработувања и извоз до половина милијарда евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK