Министерството за правда во соработка со проектот ,,Поддршка на ЕУ за владеење на правото,, започна со организирање на стручни расправи со цел подготовка на измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет за адресирање на препораките од Оценската мисија, преку транспарентен и инклузивен процес кој ќе придонесе за унапредување на законската рамка која го уредува работењето на ова тело.
Донесувањето на Закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет е дел од активностите и на клучните стратегиски документи: Планот за раст и на Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година, напоменуваат од министерството.
„Изнесените сугестии, мислења, забелешки и предлози на одржаните јавни расправи ќе бидат исклучително важни при дефинирањето на финалното законско решение кое особено ги тангира судиите. Токму затоа, нашата основна цел денес е да ги слушнеме вашите предлози за предложените законски решенија“, велат од таму.