Поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон изјави дека со доаѓањето на Доналд Трамп на власт, идејата за размена на територии меѓу Белград и Приштина може да се обнови.
Многу се зборуваше за размена на територија за време на претходниот мандат на Доналд Трамп, а Болтон за приштинскиот портал „Teve1“ вели дека идејата му ја презентирал поранешниот британски премиер Тони Блер.
„Идејата за територијална размена меѓу Косово и Србија прв ми ја предложи поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер. Потоа разговарав за тоа со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи, сметав дека оваа опција е во интерес на стабилноста на Балканот“, рече тој.
Тој додава дека идејата за размена на територии бара подготвеност и на Белград и на Приштина, но оти смета дека тоа е опасност и за другите земји во регионот.
„Не може да се очекува од Соединетите Американски Држави сами да ги решат проблемите. Моето прашање е дали Косово и Србија се доволно решени да ги надминат своите проблеми“, заклучи Болтон.