Песков: Русија ќе одговори на ракетниот напад ATACMS на аеродромот во Таганрог

01-peskov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија дефинитивно ќе одговори на ракетниот напад АТАКМС на аеродромот во Таганрог, изјави денеска Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.


„Би сакал да потсетам на апсолутно недвосмислената и директна изјава на Министерството за одбрана на Руската Федерација од вчера, во која јасно беше наведено дека ќе следи одговор“, рече Песков, пренесе ТАСС.

Тој нагласи дека „одговорот ќе дојде во време и на начин што и одговара“ на Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK