Луѓето дури сега сфатија колку години има ќерката на Бијонсе и Џеј Зи

blu-ajvi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Блу Ајви Картер (12), ќерка на Џеј Зи и Бијонсе, е ѕвезда на новиот филм Муфаса: Кралот Лав. Таа го даде гласот на Киара, ќерката на Симба и Нала. Гласот на Симба беше Доналд Гловер, а Нала Бијонсе.


Таа се појави со нејзиниот татко и мајка на холивудската премиера и заедно позираа на црвениот тепих, само еден ден откако Џеј Зи беше обвинет дека силувал 13-годишно девојче во 2000 година со Шон Комбс, попознат како Диди, на афтер забавата на MTV Video Music Awards.

Откако беа објавени фотографиите на Блу Ајви од црвениот тепих, луѓето не можат, а да не се чудат на нејзините години. Мислеа дека е постара.

„Има 12 години? Мислев дека сме на иста возраст“, ​​„Сè уште си дете на 12. Мислам дека е облечена како возрасна“, „Не е облечена соодветно за нејзината возраст“, ​​„Изгледа како да има 19 години“, се некои од коментарите.

Други додадоа дека таа има неверојатна сличност со Бијонсе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK