Годишна конференција за локална самоуправа и децентрализација

470051844_599231455899647_4115528173386954071_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за локална самоуправа на РС Македонија во соработка со Програмата за развој на обединетите нации (УНДП), денеска ја одржа традиционалната годишна конференција за локална самоуправа и децентрализација во Скопје.
На панел дискусијата “Реформа на локалната самоуправа – промени за поефикасни, одговорни и отчетни локални власти”, учествуваа претставници од неколку општини како и претставник од УНДП, кои ги искажаа своите ставови и видувања на прашања од оваа тема.
На настанот учествуваше и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, која имаше свое излагање и  потенцираше неколку точки поврзани со измена на Закон за локална самоуправа, особено во делот на администрацијата, јавни набавки и инспекциски надзор.
Главна цел на конференцијата за локална самоуправа и децентрализација е воспоставување на платформа за отворен и инклузивен дијалог на високо ниво, помеѓу главните креатори на политики и засегнатите страни за клучни предизвици и можности за локален развој во земјата.


The post Годишна конференција за локална самоуправа и децентрализација first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK