Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека сирискиот претседател Башар ал Асад ја напуштил функцијата и земјата откако наредил мирно предавање на власта.
Во соопштението, министерството не соопшти каде е сега Асад.
Министерството истакна дека Русија не учествувала во дискусиите околу неговото заминување.
Се наведува дека руските воени бази во Сирија се ставени во состојба на готовност, но дека во моментов нема сериозна закана за нив. Според соопштението, Москва е во контакт со сите сириски опозициски групи и ги повика сите страни да се воздржат од насилство.
Сириските бунтовници ја презедоа контролата врз Дамаск и го соборија претседателот Асад, ставајќи крај на долгогодишното авторитарно владеење на неговото семејство по повеќе од 13 години граѓанска војна.