Гвардиола: Не можеме да зборуваме за борба за титулата, ние страдаме оваа сезона

Untitled-20.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по разочарувачкиот резултат во 15. коло од Премиер лигата изјави дека не ни размислува за одбрана на титулата. Шпанскиот стручњак тврди дека проблемите во играта ја оневозможуваат потерата по трофеи, но и дека нема што да им замери на фудбалерите.


Шампионот на Англија е во голема криза. Манчестер сСити не победи ниту еден натпревар во текот на ноември. На последните девет натпревари во сите натпреварувања, Сити забележа само една победа.

Во саботата во Лондон, против Кристал Палас, Сити одигра 2.2.

Запрашан за амбициите по низата лоши резултати, Пеп по ремито со Кристал Палас откри дека е повеќе посветен на отстранување на недостатоците отколку на она што ќе се случува до крајот на сезоната.

„Освоивме бод. Се боревме неверојатно тешко и се враќавме двапати. Ова е сезона на страдање. Ќе видиме што ќе се случи во декември. Се обидовме да победиме, честитки за противникот“, изјави по мечот Шпанецот и додаде:

„Не можеме да зборуваме за борба за титулата кога губиме четири натпревари по ред и не победуваме редовно. Тешко е да се биде во ситуацијата во која се наоѓа Сити. Задоволен сум од играчите, се бореа и дадоа максимум“.

Клубот од „Етихад“ се наоѓа на четвртото место во табелата во Премиер лигата со 27 бодови, осум помалку од лидерот Ливерпул. „Црвените“ имаат одиграно и натпревар помалку бидејќи „дербито на Мерсисајд“ беше одложено поради лошите временски услови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK