Ресторан во Германија дополнително им наплаќа на гостите кои нема да изедат се’ што порачале

a2395aa9-0019-449c-bb14-9564772c9444.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Семеен ресторан во Германија предизвика расправа по објавата дека им наплаќа на гостите дополнително ако не ги завршат оброците. Во виралното видео, кое собра 4,6 милиони прегледи, „Тик-токерката“ @mikasahanma рече: „Ако не можете да ја завршите храната во нашиот ресторан, тогаш на крајот треба да доплатите“.


Таа објасни дека се одлучиле на тој потег поради „специјалниот концепт“ кој го нуди ресторанот, каде гостите можат да јадат колку сакаат за 90 минути за 30 евра. Нагласи дека концептот е „нарачај се’ што можеш да изедеш“, а не „се’ што можеш да нарачаш“.

„Мислам дека тоа е многу фер концепт“, продолжи таа, додавајќи дека ова е многу вообичаено во рестораните во Германија, а нејзината изјава предизвика жестока дебата.

„Ништо не е во ред со концептот, истото е овде во Канада“, напиша еден „Тик-токер“, додека друг се согласи дека тоа е „разумен начин“ да се ограничи фрлањето храна, додавајќи: „Нашиот локален ресторан за суши го има истото правило – сè што можете да јадете, освен да платите за остатоците“.

Но, не се согласија сите.

„Хипотетички гледано, тоа тогаш повеќе не е концепт – ‘сè што можете да изедете’, зарем не? На некои можеби нема да им се допадне храната по послужувањето“, се додава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK