Социо-економско влијание на Пивара Скопје: 139 милиони евра за домашната економија и 8700 поддржани работни места

pivara_FOTO 1_Dushan Mitrev_GD na Pivara Skopje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пивара Скопје во 2023 година креираше 139 милиони евра додадена вредност во македонската економија, што претставува 1% од БДП, од кои 71 милиони евра се даноци исплатени во државниот буџет. Над 8700 работни места во земјава на директен или индиректен начин се одржуваат од остварените приходи на Пивара Скопје, за кои годишно се обезбедуваат плати во износ од 37 милион евра. Секое едно отворено место во Пивара поддржува уште 21 работно место во земјата. На секое потрошено евро од купувачите назад во општеството се враќаат 68%.

Ова се само дел од наодите содржани во новата Студија за социо-економско влијание на Пивара Скопје во С. Македонија, изработена од независната консултантска куќа „Стјуард Редквин“, преку анализа на податоците на работењето на компанијата во 2023 година. Целта на оваа Студија е на објективен и транспарентен начин, со помош на научен пристап, да се квантифицира и оцени придонесот и значењето на Пивара Скопје за развојот на македонската економија и просперитетот на заедницата.


„Денес ние не презентираме само резултати и бројки, туку низ аргументи раскажуваме приказна за визија, решителност и тимска работа која резултира во успех и достигнувања. Со оваа Студија која е изготвена од независни експерти и по меѓународни стандарди сакавме да го разбереме влијанието на Пивара Скопје и придонесот во економијата и заедницата – на аргументиран и професионален начин. Со цел да го измериме сопствениот прогрес, бидејќи веќе правевме ваква студија во 2017 година, а и да видиме каде сме во однос на другите компании, и во Македонија, а и пошироко во регионот и Европа. Така знаеме до кај сме стигнале, и појасно можеме да се стремиме кон нова, повисока цел и придонес“, истакна генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев, во своето обраќање на денешниот настан, пред голем број претставници од бизнис секторот, институциите, академската заедница, дипломати и граѓанскиот сектор.

„Наодите од Студијата за нас во Пивара Скопје се најдобрата потврда за нашиот успех, кој не е случаен и на кој сме особено горди. Нашиот успех се темели на четири столба кои останале непроменети повеќе од еден век, а тоа се: беспрекорниот квалитет на производите препознаен од потрошувачите, партнерскиот однос и креирањето заедничка вредност со купувачите, искрениот придонес за заедницата и нашиот тим Пиварци, кој е главната состојка на се што правиме. Секако и на големата поддршка и “know-how” што ја добиваме од двете глобални корпорации на кои припаѓаме – Coca-Cola HBC и Heineken,  како и на соработката со голем број купувачи, добавувачи, со деловните асоцијации и комори, со државните институции, експертите, медиумите и граѓанскиот сектор. Сите Вие имате значаен удел во успехот на Пивара Скопје, и секој на свој начин – сите вие сте дел од Пивара Скопје“, рече Митрев и додаде дека  „Мисијата на Пивара е повеќе од бизнис, тоа е обврска да се поттикнат позитивни промени“, како и дека ,„само со постојано вложување во луѓето, економијата, животната средина и заедницата можеме да бидеме успешни и заедно да придонесеме кон подобра иднина за сите нас“.

Горица Стојковиќ, генерален директор на The Coca-Cola Company за Србија, Црна Гора и Северна Македонија истакна дека оваа Студија е особено важна бидејќи дава можност да се види реалното влијание на Пивара Скопје во земјава. “Студијата што ја презентираме денес укажува дека нашиот систем има длабоко вкоренето влијание врз економијата на Северна Македонија, преку вработување, даноци и поддршка за локалните добавувачи. Со своето работење во 2023 година, Пивара придонесе со 1% во вкупниот национален Бруто-домашен производ, а ова е само еден од показателите дека Пивара Скопје е важен столб на македонската економија. Нашиот придонес не е само економски. Ние длабоко веруваме дека успешен бизнис мора активно да инвестира во заедницата. Тоа го правиме преку нашите програми и иницијативи, кои вклучуваат инвестиции во млади луѓе, заштита на животната средина и волонтерство на вработените“, посочи  Стојковиќ.

За обемот на влијанието на Пивара Скопје врз домашната економија говори и податокот дека  компанијата остварува деловна соработка со над 1.000 домашни добавувачи, од кои годишно набавува стоки и услуги во вредност од над 46 милиони евра, како и со над 12.000 трговци на големо и мало, дистрибутери  и компании од угостителско-туристичкиот сектор. Преку ваквата соработка, Пивара Скопје остварува директно и индиректно влијание врз развојот на неколку значајни сектори од домашната економија, како што се: трговскиот, секторот за деловни услуги, производниот, транспортниот и земјоделскиот сектор.

За „Моќта на партнерството низ синџирот на вредности на Пивара“ на панел говореа претставници на добавувачите, купувачите, големопродажните дистрибутери, институциите и граѓанскиот сектор, кои го истакнаа значењето на нивната соработка со Пивара Скопје и уделот на ваквото партнерство во постигнување на заедничките развојни цели и нивниот придонес за натамошно унапредување на целокупниот економски развој на земјата.

Пивара Скопје само во изминатите пет години инвестираше и 40 милиони евра во капитални проекти за одржлив раст и развој, а дополнително вложува над 200 илјади евра годишно во реализација на бројни општествено одговорни активности наменети за поддршка на заедницата.

Новата Студија за социо-економско влијание на Пивара Скопје е достапна на интернет-страницата на компанијата, ПОЛНА ЧАША: www.polnacasa.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK