Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, сподели видео, на кое, како што тој пишува на негов пост на социјалната мрежа фејсбук, на големиот празник Пречиста Богородица „пресветата мајка божја се појавила во божјиот храм“.
„СЛАВА НА ГОСПОД ! На големиот христијански празник Пречиста Богородица, Пресветата Божја Мајка се појави во божјиот храм Св. Никола во Скопје Север, Општина Бутел. Слава на Господ“, објави Костовски на фејсбук.