Два послаби земјотреси регистирани во Риека

1-7.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Два послаби земјотреси утрово ја потресоа областа недалеку од Риека, извести Сеизмолошката служба при Геофизичкото одделение при Министерството за образование и култура.


Првиот земјотрес се случи во 7 часот и 48 минути, со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала и со епицентар кај Злобин на длабочина од 15 километри. Интензитетот во епицентарот беше проценет на ниво III од ЕМС скалата. Според ЕМСЦ, епицентарот бил на 16 километри источно од Риека.

Вториот земјотрес се случи во 8 часот и 49 минути, на два километри југоисточно од Злобин. Тој бил со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил проценет меѓу III и IV од ЕМС скалата.

Не се регистрирани извештаи за штета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK