Гостување на Државната опера од Варна во Националната опера и балет со „Пикова дама“

pikova-dama.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 14 декември со почеток во 20.00 ч. на сцената на Националната опера и балет, љубителите на класичната музика и операта ќе имаат уникатна можност да уживаат во изведбата на една од најголемите опери на сите времиња – „Пикова дама“ од П. И. Чајковски, во изведба на солистите, хорот, оркестарот и балетот на Државната опера од Варна. Гостувањето е резултат на меѓународната соработка и размената во областа на културата и уметноста. Овој настан е можност да се почувствува силата на музиката и уметничката интерпретација во вистинската форма.


Диригент е Григор Паликаров, режисер: Вера Немирова, сценограф и костимограф:Јулијан Табаков, кореограф:Анна Пампулова, а диригент на хорот: Теодора Георгиева.

Настапуваат: Валериј Георгиев, Ирина Жекова, Бојка Василева, Пламен Димитров, Иво Јорданов, Пламен Рајков, Евгениј Станимиров , Велин Михајлов, Петар Петров, Владислав Владимиров, Михаела Берова, Вјара Железова, Галина Великова, Лилија Илиева во придружба на хорот, оркестарот и балетот на Државната опера од Варна.

„Пикова дама“ е опера во три чина од големиот руски композитор П. И. Чајковски. Либретото се базира на истоимената новела од Александар Пушкин од 1834 година, но со драматично изменет заплет. Операта е позната по својата драматична содржина, музика полна со емоции и длабока психолошка комплексност на ликовите. Ова дело ќе биде изведено од страна на врвните уметници од Државната опера од Варна, со што ќе се создаде спектакуларна вечер исполнета со магијата на операта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK