Извлечена жената на кислородна поддршка која со сопругот беше заглавена во викендицата во Леуново

1733309012_sneg.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден по пријава од лице од село Леуново дека со неговата сопруга која е на апарат за кислородна поддршка се заглавени на околу 150 метри од патот во нивната викендица, преземени се мерки за чистење од страна на општина Маврово-Ростуше од каде што е испратен трактор што го исчистил пристапот до викендицата, информира ЦУК.


Од страна на ДЗС Гостивар било испратено теренско возило со коешто лицата биле префрлени до главниот пат од каде што со возило од Ургентен центар од Гостивар биле превземени и префрлени во ургентната болница во Гостивар.

Исто така, во вчерашниот ден била примена пријава за неисчистени патни правци до селото Дуф и селото Галичник.

Надлежните информираат дека за чистењето на патот до село ДУФ, што е во надлежност на општина Маврово – Ростуше, бил испратен трактор за чистење на патот, додека патот за село Галичник е под надлежност на Македонија пат, па по добиената информација од ЦУК известиле дека ќе превземат активности за чистење на овој патен правец.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK