Одржан состанок на Локален совет за превенција

viber_image_2024-12-03_13-16-48-559.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска Локален совет за превенција одржа состанок во проширен состав со единствена точка на дневен ред: Информација во врска со актуелните случувања во Куманово, во изминатите денови.На состанокот беа донесени следниве заклучоци:
1.Посебен акцент да се стави на учениците средношколци,  кои се подложни на провокации, за да се заштитат од немили појави, кои го нарушуваат соживотот во мултиетничко Куманово. Само на ваков начин може да се дојде до заедничко решение и да се надминат проблемите.
2.Сите директори на основни и средни училишта да ги задолжат класните раководители, да одржат вонредни класни часови и да ги повикаат децата на смиреност, да не потпаѓаат на провокации.
3.Да се повика Совет на родители во сите училишта, да им се укаже на родителите да внимаваат на своите деца, да не се вклучуваат по социјални мрежи и групи кои шират говор на омраза и поттикнување на нетрпеливост.
Да им се објасни дека треба да негуваме соживот и толеранција, а не да ги уриваме.
4.Да се побара од класните раководители да ги пријават сите недолични однесувања на учениците до стручните служби и да се води прецизна евиденција за присуство на наставата.
5.Припадници на Отсек за превенција при СВР-Куманово да организираат панел дискусии со учениците од средните училишта.
6.СВР- Куманово да ги зголеми контролите околу училиштата и улиците каде се движат учениците пред и после часовите. Да се стави акцент на мултиетничките населени места од градот, да има видливост на позорникарски групи во центарот на градот, на шеталиштата, плоштадите, парковите и спортските комплекси на отворено.
Апел до надлежните институции за побрза и ефикасна разрешница на сите пријавени случаи, за да не се користат за разгорување на нетрпеливоста меѓу граѓаните на Куманово.






The post Одржан состанок на Локален совет за превенција first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK