Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека во сабота ќе присуствува на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, а тоа ќе биде негово прво патување во странство по победата на изборите.
Париската катедрала Нотр Дам, ремек-дело на готската архитектура од 12 век, беше тешко оштетена во пожар пред повеќе од пет години, а овој викенд повторно ќе ги отвори вратите за верниците и туристите.
„Претседателот Емануел Макрон направи прекрасна работа за да ја врати Нотр Дам во сета своја слава и уште повеќе. Тоа ќе биде посебен ден за сите!“, објави Трамп на социјалната платформа Truth Social.