Комисијата за избор на сувенир на општина Куманово го избра сувенирот на Општината за 2024 година. Истиот е дело на кумановскиот автор Јелена Спасовски, насловен како “Спортска сала Соколана Куманово”, со мотив “Да ја сочуваме”. Филигранот “Соколана” е прилагоден за масовно производство, со цел да се користи за промоција на нашиот град.
На претходно објавениот Јавен конкурс учествуваа тројца автори со свои креативни дела, во кои беа содржани елементи на препознатливост, отсликување на традицијата и културно-историските, духовни,материјални и природни богатства на Куманово.
The post “Спортска сала Соколана Куманово” е сувенир на Општината за 2024 година first appeared on Општина Куманово.