Етнонационализмот е поттикнат од опозиционите партии, велат од Демократскиот сојуз

9-1-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократски сојуз најостро го осудува палењето и кинењето знамиња на Македонија, на прославата на Денот на Албанското знаме и бара продлабочена истрага и одговорност од директните учесници и од поттикнувачите на овие антидржавни и антимакедонски активности, велат од оваа партија.


„ДУИ подолго време преку дезинформации за наводна незастапеност на Албанците во власта, укинување на балансерот за кој тие се залагаа, за наводна загрозеност на употребата на албанскиот јазик, етничко чистење на институциите итн, поттикнува етнонационализам насочен кон дестабилизација и блокирање на институциите да работат на откривање и документирање на криминалот во кој се вклучени и нивни кадри.

Демократски сојуз бара многу поорганизиран и неселективен пристап во борбата против тешките облици на криминал кои ги блокираат реформите, владеење на правото и развојот на државата.

Овие настани ја детерминираат и потребата од брзи реформи на судскиот систем и кадровското екипирање на виталните државни институции“, се додава во соопштението.

Овие националистички испади со палења на знамиња и пукање по плоштадите и улиците, според Демократскиот сојуз, ги загрозува и евроинтеграциите на Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK