Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено , по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка и во Маврово, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Појава на магла од 30 – 40 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 50 – 60 метри на планинскиот превој Плетвар, од 50 – 100 метри на планинскиот превој Ѓавато и до 100 метри на планинскиот превој Пресека.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.