Загина возач на патот Ростуше-Дебар, со возило излетал од патот

Расчистени-11-кривични-дела-„тешка-кражба-и-две-кривични-дела.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 18.05 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Ростуше – Дебар, патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(53) од Дебар, излетало од коловозот.


Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.П., кој по укажаната лекарска помош во Општа болница во Дебар им подлегнал на повредите.

Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од ОВР Гостивар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK