Црна Гора синоќа избра претставник за Евровизија 2025 година.
На интерниот натпревар во „Монтесонг“ беше избрана групата NeonoeN со песната Clickbait.
NeonoeN е алтернативен инди-рок бенд од Подгорица, составен од пејачот Марко Вукчевиќ, гитаристот Илија Пејовиќ, басистот Филип Вулановиќ и тапанарот Милан Вујовиќ. На сцената се од 2012 година, кога бендот го основаа Марко и Илија.
Фановите на Евровизија и дадоа најголеми шанси за победа на пејачката Нина Жижиќ и нејзината песна Welcome. Но, по прогласувањето на победникот, на социјалната мрежа Х беа објавени бројни коментари. Некои не беа ентузијасти за песната што следната година ќе ја претставува Црна Гора во Базел.
„Кој го напиша текстот за оваа песна? Последно место во полуфинале“, „Што ви е?“, „Песната е хаос“, „Оваа песна е како татко што се обидува да биде кул, па користи случајни изрази што ги собрал и нема поим што тие значат“, ова се дел од коментарите на X.
„Црна Гора навистина имаше интересни песни и решија да испратат песна која нема да се истакне (на позитивен начин) штом ќе бидат претставени другите песни“, е друг коментар.
Некои сепак се задоволни од изборот. „Интересен избор“, „Црна Гора може да се гордее со постигнатото. Навистина го очекував најлошото, но многу добро поминаа“, пишуваат корисниците на Х.
Медиумите потсетуваат дека на натпреварот учествуваа 16 изведувачи.
Инаку, Црна Гора по двегодишна пауза се враќа на Евровизија.