„Потребата од одговорното управување со јавните финансии, стои највисоко во нашите политики, за што како политичка партија Македонски Концепт бараме поддршка од стручната јавност и претриемачите за конечно донесување на балансиран буџет во Република Македонија. Тоа значи намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, со цел да избегнеме прекумерно задолжување“, велат од Македонски Концепт.
„Подржуваме политики за рационализација на трошоците, строго управување со јавните средства и минимизирање на непотребните или неефикасни трошоци. Одржување на ниски даноци за да се поттикне економската активност, балансирање на приходите преку проширување на даночната основа и легализација на сивата и делови од црната економија.
Доколку ја немаме вашата поддршка, ние не сме во можност да спроведуваме политики кон обезбедување на долгорочна економска стабилност и одржливост на јавните финансии. Особено не ќе можеме да го ограничиме владиното вмешување во економијата и ставање на акцент на вас претриемначите, со цел приватниот сектор да стане двигател на растот. Само со заедничко дејствување, можеме да постигнеме зголемена отчетност и транспарентност во управувањето со јавните ресурси, за да ја спречиме корупција и злоупотребите на владините функционери.
Оваа филозофија на соработка помеѓу политичката партија и претриемачите е особено важна за Македонија како земја која се соочуваат со фискални предизвици, со цел да обезбедиме економска стабилност и доверба кај граѓаните и инвеститорите. Вие сте на потег. Ние стоиме на ваше располагање“, соопшти Македонски Концепт.