(Видео) Ja неркуваа кралица на теленовелите, а мистериозно исчезна на врвот на славата – денес изгледа непрепознатливо

adela.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актерката која своевремено доживеа огромна популарност и во Македонија, исчезна на врвот на славата. За нејзиното повлекување кружат различни теории. Една од најпознатите гласини го поврзува името на Адел со поранешниот претседател на Мексико, Карлос Салинас де Гортари. Медиумите тврдеа дека актерката била во врска со него и дека наводно mu родила син.


Адела Нориега, едно од најпознатите имиња во светот на мексиканските теленовели, остави неизбришлива трага во телевизиската индустрија пред целосно да се повлече од јавниот живот во 2008 година.

Оваа харизматична актерка, чии ликови го одбележаа детството и младоста на милиони луѓе ширум светот, продолжува да буди јавен интерес, иако речиси и да нема информации за нејзиниот сегашен живот.

Адела постигна бројни успешни улоги, вклучувајќи ги и оние во сериите како „Право на љубов“ (Amor Real), „Марија Изабел“ и „Есмералда“. Нејзините улоги честопати беа полни со драма, љубов и искушенија. Благодарение на својот талент и харизма, Адела се здоби со статус на кралица на теленовелите, а нејзината популарност не падна со децении.

И покрај врвот на славата, Адела Нориега во 2008 година реши да се повлече од светот на актерството и јавноста. Оваа одлука ги шокираше нејзините обожаватели и оттогаш стана речиси невозможно да се најдат информации за нејзиниот живот. Медиумите шпекулираа за причините за нејзиното повлекување, но ниту едно од тврдењата не беше официјално потврдено.

За нејзиното повлекување кружат различни теории. Една од најпознатите гласини го поврзува името на Адел со поранешниот претседател на Мексико, Карлос Салинас де Гортари. Медиумите тврдеа дека актерката била во врска со него и дека наводно го родила неговиот син, но оваа информација никогаш не беше потврдена. Адела никогаш не се огласила за овие приказни, што само дополнително ја разгорело љубопитноста на јавноста.

„Тоа го кријат бидејќи Карлос се оженил со Ана Паула Џерард кога Адела го родила неговото дете. Тој тоа никогаш не и го признал на сопругата, иако таа неколку пати го прашала дали е вистина“, рекол еднаш извор близок до Карлос.

„Беше занемет од нејзината убавина кога ја виде како глуми во теленовела. Веднаш му се јави на продуцентот и му рече да договори состанок. Иако таа одби, Карлос и се закани дека ќе влијае на нејзината кариера. Тој и рече дека мора да ги исполни сите неговите желби ако таа сака да биде актерка и му успеа“, изјави пријателката на Адела со која била блиска во 90-тите.

Адела денеска има 55 години, а поради критиките дека изгледа многу постаро отколку што навистина е, се сомневаа дека боледува од опасна болест и многу се шпекулираше за нејзината здравствена состојба. Гласините тврдеа дека боледувала од тешка болест, што нејзината сестра Рајна го негираше во 2020 година, наведувајќи дека Адела не боледувала од рак, туку од друга, помалку сериозна болест.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK