Раде Штекли бара лично обезбедување, ќе им плаќа 3.000 евра: Не се пресудни етничката припадност, ниту пак полот

232.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Раде Трајковски Штекли на својот Инстаграм профил објави оглас за вработување на лично обезбедување. Бара четворица обезбедувачи, кои мора да имаат воено или полициско искуство, да поседуваат дозвола за оружје. За работата ќе им плати три илјади евра и дополнително трошоци за јадење и пат.


 

„Почитувани, барам професионално обезбедување за мене. Потребни се четворица, морално воено или полициско искуство, да поседува дозвола за оружје, плата 3.000 евра (и покриено трошоци за јадење и пат). може од секоја етничка припадност и пол“, се вели во неговата објава.

Штекли неодамна повторно беше мета на напад, кога во дворот на неговиот дом во Ќерамидница беше фрлена бомба. Претходно два пати во него беше пукано во Трговскиот центар Ист Гејт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK