И училишното игралиште во Прдејци доби современи услови за спортување на децата

468367601_581156360969064_2626620183420780978_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

И во Прдејци, со акцијата на Општина Гевгелија за подобрување на спортската инфраструктура е извршена реконструкција на училишното игралиште. Спортскиот терен во Подрачното училиште „Јане Сандански“ во Прдејци доби нова ергономска подлога, а се обнови и урбаната опрема, со што доби нов и современ лик.

Во врска со завршената реконструкција на мултифункционалното спортско игралиште во Прдејци, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов истакна дека најмладите заслужуваат подобри услови за спорт и рекреација. Водејќи се од тоа дека иднината е во младите, потребно е континуирано вложување. Затоа, локалната самоуправа во 2024 година започна со ова инвестиција, а реконструирани беа 12 спортски игралишта во Гевгелија и повеќе населени места, од коишто на дел се постави ергономска тартан подлога, а на дел висококвалитетна вештачка трева и обновување на спортските реквизити.


Покрај ваквиот зафат, неодамна во Прдејци, во близина на Младинскиот дом беше изградено и ново катче за деца, со виококвалитетни и безбедни реквизити, како и урбана опрема, во рамки на акцијата на Општина Гевгелија за опремување на населените места со содржини на забава на децата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK