Општина Куманово ќе биде вклучена во програмата City Climate Gap Fund, имплементирана од Светска банка и Европска инвестициона банка – ЕИБ, во партнерство со Deutsche Gesellschaft fur Internationale Zusammenarbeit (GIZ).
Одлуката е донесена од страна на техничкиот секретаријат (ТС) составен од ЕИБ и ГИЗ, по разгледувањето на барањето на Општината, која изрази интерес и посветеност на градоначалникот и општинската администрација за реализација на проектот.
Во проектот е опфатена техничка помош за пред – физибилити студија за управување со поплави во Куманово.
По тој повод, градоначалникот Максим Димитриевски, денеска оствари средба со директорот на Европска инвестициона банка – ЕИБ, Бјорн Габриел, директор на ГИЗ за РС Македонија, Давид Оберхубер, проектен координатор во ГИЗ, Александар Ерлевајн и регионален советник во ГИЗ, Филип Нелковски.
The post Техничка помош за пред – физибилити студија за управување со поплави за Општина Куманово first appeared on Општина Куманово.