(Видео) Тепачка во српскиот парламент

00bb22f5-d71c-4ec7-b470-31cefe16c226.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во српскиот парламент дошло до физичка пресметка откако опозиционерите прво кренале транспаренти по усвојувањето на дневниот ред, а потоа се обиделе физички да го спречат почетокот на расправата кога пристигнале владините членови.


Претставниците на владејачкото мнозинство на Вучиќ застанале во еден вид жив ѕид околу говорницата, при што имало жестока гужва, пишуваат тамошните медиуми.

Пратениците од опозицијата им извикуваа „Убијци, убијци“, мислејќи на катастрофата во Нови Сад, каде што 15 лица загинаа при падот на настрешницата на реконструираната станица, што доведе до серија протести во Србија, пренесуваат медиумите во регионот.

Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ го повика обезбедувањето да влезе во салата, кое се обиде да ги смири пратениците.

Брнабиќ потоа ги повика пратениците да се вратат во своите клупи.

Според написите тие набргу се вратиле, но дискусијата не продолжи, пратениците од опозицијата продолжија да стојат и да извикуваат „убијци, убијци“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK