Закани со конструкции и политички прогон, велат од ДУИ по изјавата на Таравари дека поранешни функционери се повикани во Обвинителството

Taravari-vs-Ahmeti.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство, Арбен Таравари денес објави дека има сознанија оти функционери на ДУИ се повикуваат во надлежните обвинителства, најавувајќи дека наскоро јавноста ќе види за кој се’ станува збор.


„Колку што имам информации, процедурите течат, некои функционери на ДУИ веќе се движат по канцелариите на истражните органите и обвинителствата, кога ќе го направат тоа ќе го направат надлежните државни органи, немам точни информации, но знам дека се движат низ тие канцеларии“, рече Таравари.

ДУИ попладнево ги опиша како скандалозни изјавите, коментирајќи дека станува збор за закани со конструкции и политички прогон, како и притисоци врз истрагата и обвинителството кои никого не плашат, туку ја покажуваат скандалозната и неприфатлива тенденција на практикување на заробена држава од власта.

ДУИ бара меѓународно следена проверка на сите носители на политички функции.

Вакви изјави со прогонителски политички конструкции во минатото даваа и други членови на Владата без етнички легитимитет, со што ја презедоа улогата на сценарист, истражител, обвинител и судија, велат од ДУИ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK