Во текот на изминатиот викенд, екипите на Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Ѓорче Петров, Карпош и Чаир.
ЈП Комунална хигиена-Скопје почна со отстранување на обемна дивна депонија лоцирана на улицата Лука Геров во општината Ѓорче Петров. Депонијата е составена од мешан комунален, кабаст и градежен отпад, а екипите на Претпријатието и во текот на денешниот ден ќе ги продолжат активностите за целосно расчистување на непрописно одложениот отпад.
Во општината Карпош се подигнати околу седум кубни метри градежен отпад одложен на јавна површина на улицата Прашка.
ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов интервенираше и во скопската општина Чаир, каде што се отстранети повеќе диви депонии лоцирани на улиците Вуковарска и Џон Кенеди, во непосредна близина на детската градинка „Снежана“ и ООУ „Васил Главинов“