Мицкоски: Од овој месец здравствените работници добиваат 10 отсто повисока плата

hristijan-mickoski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од овој месец здравствените работници добиваат 10 отсто повисока плата, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање на тема здравство, во однос на тоа дека е постигнат договор со синдикатите и од кога ќе започне официјално да важи или да тече исплатата на повисоки плати за докторите и другиот медицински кадар.


„Да, еден од низата на историски договори што во овие пет месеци ги постигневме е и тој со Синдикатот, односно со здравствените синдикати, бидејќи беа повеќе таму на број. Од овој месец, од ноември практично, здравствените работници добиваат десет проценти повисока плата и нови пет проценти заклучно со мартовската плата која што ќе биде исплатена во 2026 година. И во зависност од состојбата во Буџетот, продуктивноста и така натаму, во еден циклус од четири години можеме да дојдеме до педесет проценти повисока парична маса којашто ќе биде насочена кон докторите и медицинскиот персонал, да се разбереме и медицинскиот персонал болничарите, сестрите и така натаму. Така што еден од тие би рекол историски договори е и тој“, рече Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK