Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Казахстан во РС Македонија, Н.Е.Сатибалди Буршаков и почесниот конзул на Казахстан во Општина Куманово, Ејуп Абдулахи.
Во пријателска атмосфера беше потенцирана досегашната успешна соработка меѓу двете земји, со можност за отворање на нови релации во повеќе области на општествениот систем, кои би биле од значење за граѓаните.
The post Градоначалникот Димитриевски прими високи државни претставници од Казахстан first appeared on Општина Куманово.